Куршумот со кој што Microsoft го уби Skype, е Teams!

Објавено на 26.06.2021 во Новости



Куршумот со кој што Microsoft го уби Skype, е Teams!

Windows 11 веќе пристигна и за тоа се зборува многу, допрва ќе излегуваат рецензии што чини, а што не чини кај новиот оперативен систем. Skype е во центарот на вниманието, кого Microsoft го купи пред неколку години и одеше во комплет со оперативниот систем. 

Сега Microsoft го отстрани Skype од својот оперативен систем, кој е бесплатно достапен за преземање од Microsoft Store. Teams е платформата со која што компанијата на Бил Гејтс го заменува историскиот Skype, кој беше причината за појава на сите апликации како што се Viber, Teams и слично. Skype беше купен за 8,5 милијарди долари пред 10 години, а до пред 5 години, Skype се уште високо котираше во областа на интернет чет и видео разговори.

Автор: Aleksandar Stankov




Прочитајте повеќе: