Poco X3 GT излегува со 8GB + 256GB меморија и екран од 120Hz

Објавено на 27.06.2021 во Новости



Poco X3 GT излегува со 8GB + 256GB меморија и екран од 120Hz

Poco е брендот на Xiaomi, кој тукушто доби нов сертификат за Poco X3 GT, што значи дека новиот модел би можел да биде лансиран наскоро. Poco X3 GT ќе биде ребрендирана верзија на Xiaomi Redmi Note 10 Pro 5G, кој е наменет за глобален пазар. SIRIM сертифицирањето било добиено во Малезија за моделот со кодно име 21061110AG.

Poco X3 GT се очекува да биде со 6.6-инчен FHD+ LCD дисплеј со 120Hz, со Gorilla Glass Victus заштита на екранот. Сензорот за отпечатоци е сместен странично, нема да има џек за слушалки, ќе има слот за картичка за повеќе меморија. Под хауба ќе биде со MediaTek Dimensity 1100 процесор, 6GB RAM + 128GB UFS 3.1 меморија, а ќе го има и во верзија со меморија 8GB + 256GB. Следниот Poco уред ќе биде со 5G поддршка.

Телефонот доаѓа со тројна задна камера од 64MP + 8MP + 2MP, додека селфи камерата е 16MP вградена со дупка на екранот на средината на екранот. Батеријата е со капацитет од 5,000mAh со 67W брзо полнење. Глобалната цена на Poco X3 GT би требало да биде близу до онаа на Redmi Note 10 Pro 5G, кој е околу $370. Се очекува Poco X3 GT да дебитира ова лето.