Virgin Galactic наплаќа билет за вселената по 250.000 долари

Објавено на 28.06.2021 во Новости



Virgin Galactic наплаќа билет за вселената по 250.000 долари

Virgin Galactic веќе почна да наплаќа за вселенските летови и формирал цена од 250 илјади долари од лет. Претходно објавивме дека компанијата на Ричард Бренсон доби одобрение од американскиот регулатор за безбедност на авијацијата за превоз на патници во вселената.

Акциите на Virgin Galactic во меѓувреме се качија за 40%, што е највисоката вредност после февруари годинава. Противниците на Ричард Бренсон се Џеф Безос со Blue Origin и Илон Маск со SpaceX.