Huawei Watch 3 и Watch 3 Pro се пуштаат во продажба

Објавено на 07.07.2021 во Новости



Huawei Watch 3 и Watch 3 Pro се пуштаат во продажба

Huawei пред еден месец ги претстави новите Huawei Watch 3 и Watch 3 Pro, кој разви сопствен оперативен систем за смартчасовници. Така со секој нов софтвер, нуди дополнителни алатки. Huawei Watch 3 има над 100 начини за вежбање, мери температура на кожата со новиот сензор, може да детектира ако паднете и активира СОС повик, мери пулс, заситеност на крвта со кислород, притисок во воздухот и го мери спиењето.

Во комбинација со долготрајната батерија, која што може да трае и до 21 кај Pro, односно 14 дена кај обичната верзија, издржливото куќиште од нерѓосувачки челик и големиот екран чувствителен на допир, користењето ќе биде удобно и едноставно. Иновацијата што Huawei ја претстави е 3D ротирачката круна, која што овозможува зумирање на екранот и полесно да ја одберете апликацијата што ја сакате. 

Иако Huawei Watch 3 и Watch 3 Pro беа претставени пред некое време, наскоро почнуваат со слободна продажба на пазарот. 

Автор: Aleksandar Stankov