Amazon размислува за бунтовнички сојуз против Microsoft

Објавено на 07.07.2021 во Новости



Amazon размислува за бунтовнички сојуз против Microsoft

Amazon тврди дека никогаш не се осврнува на своите конкуренти, но сепак, инсајдерски информации протекоа во јавноста дека во последно време тој се повеќе го спомнува Microsoft, Microsoft и Microsoft. Се разбира, тие имаат причина да го спомнуваат, со оглед на тоа што Amazon нема сопствен конкурент за Office 365, кој што на бизнис корисниците им нуди бројни алатки, од Word до пишување во Teams и апликациите за видео конференции.

Проблемот е што се намалува водството на Amazon и нивните Amazon Web Services во споредба со Microsoft Azure во областа на cloud инфраструктурата. Тоа значи дека Microsoft би можел да стане уште поголем конкурент на AWS ако почне со агресивно поврзување на 365 со Azure според повеќето корисници. AWS од друга страна нема такво портфолио на апликации за продуктивност со кои што би можел да му конкурира на Microsoft.

Затоа наводно во Amazon почнале да размислуваат за бунтовнички сојуз, за здружување и поврзување со компаниите како што се Dropbox и Slack, големи компании што може за една цена да понудат повеќе продуктивни апликации и да ги интегрираат во платформата на Amazon Web Services со цел да им се понудат сите тие услуги на корисниците на едно место.