Samsung Galaxy Z Fold 3 и Flip 3 ќе бидат поевтини

Објавено на 09.07.2021 во Новости



Samsung Galaxy Z Fold 3 и Flip 3 ќе бидат поевтини

Информациите дека цените на новите преклопни смартфони на Samsung нема да бидат високи се одамна. Корејските медиуми сега објавија дека „цените ќе бидат пониски од претходната генерација“. Се прогнозира дека ќе бидат за 20% пониски цените, при што Galaxy Z Fold 3 ќе биде 1600 долари, а Z Flip 3 ќе биде 1.160 долари или 1.249 долари.

Би можело да има и верзија под 1.000 долари. Z Flip 3 Lite ќе се појави исто така на 11 август за време на Unpacked евентот или пак подоцна во текот на годината, но само со LTE конекција. Се разбира, Samsung се уште ништо официјално не објавува, додека не дојде официјалната дата за откривање на Z Fold 3 и Flip 3. Цените на овие два модела би можела драстично да се искачи, затоа што во игра биле и луксузни верзии на смартфони.