Amazon беше недостапен за цел свет
Објавено на 13.07.2021 во Новости
Проблем се појави со онлајн продавницата на Amazon.com, односно недостапна била веб страницата воопшто. Тоа се случи вчера, но во меѓувреме компанијата го решила проблемот. Веб страницата Down Detector официјално објави дека компанијата на Џеф Безос не можела да дава услуги во рок од 2 часа, а над 38 илјади корисници се пожалиле дека имаат проблем со пристапот кон онлајн продавниците на Amazon.
Прво се појавил проблемот во САД, а потоа и во остатокот дел од светот. „Некои корисници имаа привремено проблеми при купувањето. Ние го решивме проблемот и сега се функционира нормално“, изјави портпаролот на Amazon.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.