Дали Ричард Бренсон навистина бил на вселенско патување!?

Објавено на 15.07.2021 во Новости



Дали Ричард Бренсон навистина бил на вселенско патување!?

Минатата недела Ричард Бренсон одлетал во вселената и влезе во историјата на вселенскиот туризам како прв патник што ја набљудуваше Земјата од далеку. Дали вселенскиот туризам е навистина вселенски и дали Бренсон навистина бил на вселенско патување? Ако се праша астрофизичарот и познатиот популаризатор на Нил деГрас Тајсон, одговорот е не.

Во разговорот за Бренсоновиот лет, Тајсон вели дека станува збор за суборбитален лет, сличен каков што видовме пред 60 години, кога Алан Шепард полетал со ракетата на НАСА. „Летал ли доволно високо? Дали заминал во орбитата? Дали заминал на Месечината, Марс или подалеку?“, прашува Тајсон реторички.

Тајсон тврди дека нема проблем со тоа ако некој од височина каква што ја достигнал Бренсон ја нарекува вселена, но самиот тој смета дека тоа сепак не е заминување во вселената, туку само лет на место од каде што ќе има убав поглед кон Земјата: „за таа цел се потребни осум минути за да влезете во орбитата и три дена за да ја достигнете Месечината“. Тоа е вистинско вселенско патување.





Прочитајте повеќе: