Илон Маск е вљубен во Cybertruck: „Да бидам искрен...“

Објавено на 17.07.2021 во Новости



Илон Маск е вљубен во Cybertruck: „Да бидам искрен...“

Cybertruck нема да го менува дизајнот, без разлика на резултатите од продажбата и покрај тоа колку корисниците му префрлаат на Илон Маск на Twitter.

„Да бидам искрен, секогаш постои шанса дека Cybertruck ќе потфрли, затоа што е толку различен од сите останати. Не ми е грижа. Навистина го сакам, иако на другите не им се допаѓа. Другите возила изгледаат како копија на истите нешта, но Cybertruck изгледа како да го направиле вонземјанците од иднината“, напишал Маск на Twitter.

Cybertruck е претставен пред јавноста во ноември 2019 година, кој располага со необичен, трапезоиден дизајн. Маск размислувал многу за неговата промена со првобитниот дизајн и намалувањето на колосалната големина на тоа возило, но на крај сепак одлучил дека се останува како што е, затоа што во меѓувреме се вљубил во тој дизајн.