Huawei наводно нема да има доволно Kirin 9000 5G чипови за P50 Pro

Објавено на 19.07.2021 во Новости



Huawei наводно нема да има доволно Kirin 9000 5G чипови за P50 Pro

Пред банирањето на Huawei, кинескиот производител беше вториот најголем клиент во светот во TSMC, веднаш зад Apple. Кога започна забраната за Huawei, му преостана ограничен број на Kirin 9000 5G чипови. Според MyDrivers (via GizChina), Huawei наскоро ќе се соочи со недостаток на Kirin 9000 5G чиповите. 

Овие чипови беа наменети за да се користат кај Huawei P50 серијата и компанијата планира да го лансира Huawei P50 Pro во август, со Kirin 9000 5G процесорот, но во декември, Huawei наводно ќе биде приморан да се префрли од Kirin 9000 5G на Snapdragon чип поради недостаток на чипови, според My Drivers. P50 се планира да биде лансиран во септември со 4G верзија на Snapdragon 888 чипсет. Huawei Mate 50 ќе остане. Mate серијата обично се лансира во последното тримесечје од годината, но најверојатно ќе биде одложена за следната година. 

Автор: Aleksandar Stankov