Следете го во живо полетувањето на Џеф Безос со Blue Origin, овде!

Објавено на 20.07.2021 во Новости



Следете го во живо полетувањето на Џеф Безос со Blue Origin, овде!

Џеф Безос денеска полетува кон вселената со неговата капсула New Shepard, изградена од компанијата Blue Origin, во негова сопственост исто така. Сопственикот на Amazon ќе ги земе со себе неговиот брат Марк Безос, 82-годишниот пилот Вали Фанк и 18-годишниот Оливер Дајмен, кој официјално ќе биде првиот вселенски турист што лета со оваа компанија.

Летот до границата со вселената ќе трае околу 11 минути вкупно, од полетување до слетување. Летот е закажан за денес, 20 јули, со почеток од 12:30 часот по наше време. Вие ќе може да го следите летот во живо на нашето прикачено видео, само да кликнете Play за 3 часа од сега. Преносот ќе го има во живо и на официјалната страница на Blue Origin на овој линк





Прочитајте повеќе: