Илон Маск повторно го промени мислењето: „Сакам bitcoin да успее“

Објавено на 22.07.2021 во Новости



Илон Маск повторно го промени мислењето: „Сакам bitcoin да успее“

Bitcoin повторно ја премина психолошката граница од 30.000 долари откако Илон Маск, американскиот милијардер, шеф на Tesla Inc. и SpaceX објави дека Tesla „најверојатно“ повторно ќе почне да се прифаќа како платежно средство.

Производителот на електрични автомобили објави дека наводно не го прифаќа bitcoin при продажба на своите возила, а како причина за тоа се загриженоста за штетното влијание врз околината при рударењето на bitcoin, за што се троши огромна количина на струја. Така Илон Маск повторно го менува своето мислење, што го изјави на виртуелната конференција за криптовалути B Word.

„Сакав да бидам сигурен и да потврдам дали користењето на обновливи извори на енергија на околу 50% или над тоа и дали постои трендот кон зголемвуање на тој удел. Ако е така, Tesla ќе продолжи со прифаќање на bitcoin“, изјави Маск. Тој вели дека држи bitcoin и dogecoin и ethereum

Автор: Aleksandar Stankov