Моделите на Samsung Galaxy S22 серијата се откриени

Објавено на 26.07.2021 во Новости



Моделите на Samsung Galaxy S22 серијата се откриени

Има уште многу време додека да излезе S22 серијата, но веќе започнуваат информациите за следната генерација на Galaxy телефоните од престижната класа. Наводно, Galaxy S22 ќе биде со број на модел SM-S901x, S22+ е SM-S906x и Ultra моделот е SM-S908x.

SM-G9xx серијата претходно беше Galaxy S5, која се појави со број на модел SM-G900x. Како и да е, Samsung одлучи да не продолжи со SM-G1000x за S22 серијата. S22 моделите ќе бидат со 5G конекција, додека камерата на S22 Ultra ќе биде надградена со 200MP Olympus сензор, S Pen поддршка и најверојатно следниот предводнички процесор со 4нм изработка: Snapdragon или Exynos. Во Јануари, 2022 година, се очекува следната S-серија на Samsung.