Amazon се спрема за прифаќање на криптовалутите за наплата!?

Објавено на 27.07.2021 во Новости



Amazon се спрема за прифаќање на криптовалутите за наплата!?

Amazon објави оглас за барање на експерти за криптовалути, со цел да проучи како плаќаат купувачите на Amazon. Тоа значи дека наскоро онлајн продавницата би можела да воведе плаќање со криптовалути.

Amazon се уште ништо не објавува официјално, но очигледно е дека бара професионалец што би почнал да ги води новите блокчејн и криптовалутни производи. Условите што кандидатите мора да ги задоволат се длабоко разбирање на криптовалутите, да развијат проект што Amazon може да го реализира, да направи стратегија за тоа и да ги претстави своите аргументи пред постарите директори.

„Инспирирани сме од иновациите што се случуваат во светот на криптовалутите и истражуваме како тоа би изгледало на Amazon. Веруваме дека иднината ќе биде изградена на нови технологии што овозможуваат модерна, брза и евтина наплата и се надеваме дека таквата иднина ќе им го овозможи на купувачите на Amazon за многу брзо време“, изјавил претставник на Amazon. 





Прочитајте повеќе: