„Механичарот“ Nokia XR20 издржува екстремни услови со температура и падови

Објавено на 28.07.2021 во Новости



„Механичарот“ Nokia XR20 издржува екстремни услови со температура и падови

HMD Global ги објави Nokia XR20 и Nokia C30, од кои првиот ќе биде глобално достапен, а вториот само на селектирани маркети. Nokia XR20 е моделот што привлекува поголемо внимание, со оглед на тоа што е телефон што издржува во механичарски работилници за мајстори со валкани раце.

Nokia XR20 е произведен со воени стандарди, по MIL-STD-810H процедурата. Располага со IP68 сертификат за водоотпорност. Овој телефон може да издржи падови, вода и валканици без проблем. HMD Global ве охрабрува да го измиете со сапун кога ќе се извалка, без грижа на совест, тој може да издржи и температура од +55 до -22 степени Целзиусови, 1 час под вода и издржи падови од 1.8 метри височина.

Nokia XR20 располага со 6.67-инчен LCD дисплеј, двојна камера од 48MP + 13MP, ZEISS оптика и OZO Spatial Audio, додека предната камера е 8MP со punch-hole. Под хауба има Snapdragon 480 процесор, 4/6GB RAM меморија и 64/128GB внатрешна меморија. 

Nokia XR20 функционира со Android 11 оперативен систем, батерија од 4,630mAh со 18W брзо полнење или 15W безжично полнење. Nokia XR20 има почетна цена од 500 евра, кој ќе стане достапен за продажба од 27 јули, а на полиците во продавниците излегува на 24 август.