Поздравете се со стариот Android 2, Google го испраќа во историјата

Објавено на 05.08.2021 во Android



Поздравете се со стариот Android 2, Google го испраќа во историјата

Google пушти пораки на корисниците со најстари Android софтвери деновиве, дека ќе стопираат со поддршка за Android 2.3.7 и постарите оперативни системи од 27 септември. Сите уреди постари од 10 години, нема да може да ги користат Google Services повеќе.

Што значи тоа? Нема да имате пристап кон Gmail, YouTube, Maps и друго. Android оперативните системи постари од 10 години не содржат двостепенска автентификација, што значи дека се многу небезбедни од поновите уреди. Корисниците се известени дека ако ги ажурираат своите оперативни системи барем на Android 3+, ќе ја задржат нивната функционалност.