Ќе платите ли 2 милиони долари за 37 годишна игра, што никој не ја извадил од кутијата?

Објавено на 15.08.2021 во Игри



Ќе платите ли 2 милиони долари за 37 годишна игра, што никој не ја извадил од кутијата?

Колекционерските игри што се добро зачувани, секогаш постигнуваат висока цена. Без разлика дали се работи за некоја уметност или едноставна играчка излезена на пазарот пред 10 години.

Така имало неотворена копија на Super Mario Bros за Nintendo. На аукција постигнала вртоглава цена од 2 милиони долари. Купувачот е анонимен, а играта што преживеала неотворена од 1985 година, ја купил преку страницата специјализирана за продажба и купување на колекционерските примероци, Rally.