SpaceX почнува со туристичките вселенски патувања на 15 септември

Објавено на 17.08.2021 во Новости



SpaceX почнува со туристичките вселенски патувања на 15 септември

SpaceX следниот месец планира да го лансира Inspiration4, првото летало што ќе биде со непрофесионални астронаути во вселената. Летот го изнајмил 37 годишниот милионер Џеред Ајзакмен, основачот на Shift4 Payments и коосновач на Draken International, кој за себе тврди дека е зависник од адреналин и кој според сопствените изјави веќе управувал со млазни авиони, но никогаш досега не бил во вселената.

Затоа го изнајмил цел лет во капсулата Crew Dragon, на кого ќе му се придружат уште тројца: Хејли Аркено, Шијан Проктор и Крис Семброски. Ајзакмен ќе го искористи својот пат во вселената и за хуманитарни цели, односно ќе собере пари за детската болница Св. Јуда. Летот според најавите би требало да се реализира на 15 септември.