Apricot проект на Facebook и Google: Ќе се инсталира подморски кабел од 12.000км

Објавено на 20.08.2021 во Новости



Apricot проект на Facebook и Google: Ќе се инсталира подморски кабел од 12.000км

Facebook и Google изработиле заеднички Apricot проект, кој подразбира инсталирање на подморски кабел со должина од неверојатни 12 илјади километри. Реализација е планирана до 2024 година, со што ќе се подобри поврзаноста со интернет на азиско-пацифичкиот регион.

Се разбира, интернет поврзаноста меѓу Азија и Северна Америка ќе се подобри. Кабелот од 12.000 километри ќе ги поврзе Јапонија, Тајван, Гуам, Филипини, Индонезија и Сингапур. Facebook претходно најави реализација на уште еден проект за подводен кабел со два транс-пацифички кабли за поврзување на Сингапур и Северна Америка, со што за 70% ќе се зголеми капацитетот на интернет сообраќајот на оваа рута. 

Автор: Aleksandar Stankov