Tesla Bot: Tesla Motors развива прототип на хуманоиден робот

Објавено на 21.08.2021 во Новости



Tesla Bot: Tesla Motors развива прототип на хуманоиден робот

Tesla Motors развива нов систем со вештачка интелигенција за хуманоиден робот. Илон Маск веќе го презентирал планот за развој на Tesla Bot, кој ќе биде робот со височина до 1,5 метри, со дисплеј, наместо лице. Роботот ќе се движи околу 8 километри на час, што значи дека ќе биде доволно бавен за луѓето да бегаат од него и доволно мал за да може човекот да го совлада, се шегувал Маск на настанот.

Првиот прототип на Tesla Bot ќе биде готов во 2022 година. Роботот ќе ги користи сите алатки во Tesla автомобилите, како што се сензори и камери, а тоа ќе му помогне самостојно да се движи во светот. Роботот може да се користи за извршување на домашни обврски и ќе биде креиран за да извршува работи што не се безбедни, постојано исти и здодевни задачи.