Голем интерес за новата Samsung Galaxy Z генерација

Објавено на 24.08.2021 во Новости



Голем интерес за новата Samsung Galaxy Z генерација

Samsung ја претстави новата генерација на Flip модел, кој е подобар, напреден и отпорен на гребаници. Третата генерација на Fold и Flip се и поевтини, затоа привлекоа големо внимание кај корисниците и јасно е дека продажбата се очекува да биде многу подобра во споредба со претходните генерации.

Galaxy Z Fold 3 и Flip 3 моментално може да се преднарачаат до 27 август. Во Јужна Кореја досега имало 450.000 резервации за овие уреди. До почетокот на продажбата експертите очекуваат бројките да достигнат 600.000. Кога ќе се додадат и оние од слободна продажба, се очекува да достигне и цифра од 800.000 парчиња, и тоа само во Јужна Кореја, што е навистина импресивно за таков тип на уред.