Xiaomi најавува големо лансирање за 15 септември, се очекува Mi 11T

Објавено на 24.08.2021 во Новости



Xiaomi најавува големо лансирање за 15 септември, се очекува Mi 11T

Xiaomi се спрема за големо лансирање на продукти за 15 септември. Xiaomi „ќе претстави неверојатни нови продукти“. Евентот ќе се стрима во живо на социјалните мрежи Twitter, YouTube, и Facebook, што значи дека овој пат настанот нема да биде ограничен само за кинеска публика, туку ќе биде глобално достапен.

Настанот во живо започнува од 14:00 часот по наше време, на 15 септември, или 20:00 часот по GMT+8 временска зона и ќе трае 70 минути. Се очекува да биде лансиран Mi 11T моделот со 120Hz OLED екран, MediaTek процесор и тројна задна камера со 64MP главен сензор. Ќе има и Mi 11T Pro модел, но неговите спецификации се уште не се познати.

Возможно е да излезе Mi Pad 5 серијата, која ќе ја имаме и во Европа: Mi Pad 5, Mi Pad 5 Pro, и Mi Pad Pro 5G, кои веќе беа лансирани на кинескиот пазар од 10 август.