Samsung лансираше нова линија на ремени за Galaxy Watch 4 со моден дизајнер

Објавено на 13.09.2021 во Смарт часовници



Samsung лансираше нова линија на ремени за Galaxy Watch 4 со моден дизајнер

Samsung објави нов склучен договор со модниот дизајнер Сами Миро за лансирањето на лимитирана верзија на Galaxy Watch 4 со еколошки одржлива колекција на ременчиња. Колекцијата е веќе достапна за купување со шест различни модели на ременчиња, изработени од еколошки материјали и три различни интерфејси, кои може да ги преземете бесплатно преку Google Play Store.

Сите шест ременчиња се изработени од кора од јаболко, која се фрла во овошната индустрија. Stratus Sky и Midnight Black ремените даваат премиум изглед на кожа, кои се целосно вегански. Aurora Night, Cloud Navy, Earth Sunrise, и Dawn Atlas се изработени од нетоксични и еколошки материјали. Samsung објави дека новата колекција на Galaxy Watch 4 Sami Miró Vintage еколошките ремени може да се купат онлајн за $40.