iPhone корисниците итно да го надградат софтверот со iOS 14.8!

Објавено на 14.09.2021 во iOs



iPhone корисниците итно да го надградат софтверот со iOS 14.8!

Apple објави итна софтверска надградба за закрпа на сериозна ранливост на својот iOS софтвер. Везбедносните експерти откриле слабост со која што лесно можело да инјектира малвер на iPhone, Apple Watch, или Mac со само еден клик. 

Apple брзо преземал мерки откако аналитичарите од Citizen Lab од Израел го известиле за овој софтвер. Ако малверот Pegasus го инфицира вашиот iPhone, лесно ќе може да влезе и да ја контролира вашата камера и микрофонот без ваше знаење. Може да ги снима сите пораки, текстови, мејлови и повици. Дури и енкриптираните пораки испратени преку апликации како што е Signal, се незаштитени кога Pegasus ќе го инфицира вашиот телефон.

Затоа Apple го лансираше iOS 14.8, кој може да го најдете во Settings > General > Software Update. Пуштена се и надградбите watchOS 7.6.2 и macOS Big Sur 11.6, за Apple Watch и iMac.