Следете го настанот со iPhone 13 во живо, откриена батеријата

Објавено на 14.09.2021 во Новости



Следете го настанот со iPhone 13 во живо, откриена батеријата

Apple iPhone 13 серијата ќе биде со голема дизајнерска надградба, но има и многу други нешта за кои треба да бидеме возбудени. Настанот официјално почнува во 19:00 часот и може да го гледате на линкот со видеото одоздола.

iPhone 13 Pro и Pro Max моделите доаѓаат со 120Hz OLED дисплеи, а сите iPhone модели ќе бидат со поголеми капацитети на меморија, како и подобрена трајност на батеријата, благодарение на новиот A15 Bionic чип. 

iPhone 13 е со подобрен внатрешен дизајн, односно производителот пронајдел начин како да вгради поголеми батерии во iPhone 13, благодарение на флексибилните електрични кола во телефонот. Сите iPhone 13 модели се сега подебели за 0.26мм, поради зголемените батерии. A15 Bionic чипот сега пристигнува со повисока ефикасност и тоа е втората причина зошто ќе имате долготрајност со едно полнење.

Капацитетите на батериите на секој модел се следните:

iPhone 13

3095mAh

iPhone 13 Mini

2406 mAh

iPhone 13 Pro

3095 mAh

iPhone 13 Pro Max

4352 mAh

 

Останете со нас на настанот, со цел да откриеме дали iPhone 13 ќе има и реверзибилно безжично полнење, за што сигурно се типува дека ќе го има. iPhone 13 исто така доаѓа и со надградена верзија на MagSafe, со посилни магнети. Новиот iPhone 13 има поддршка за 25W брзо полнење, а новиот 25W полнач ќе се продава посебно. 





Прочитајте повеќе: