HMD Global го претстави Nokia G50 со 5G технологија

Објавено на 24.09.2021 во Новости



HMD Global го претстави Nokia G50 со 5G технологија

HMD Global го најави новиот смартфон од G-серијата за корисници што сакаат да ги искористат сите погодности на 5G мрежата, но не сакаат да платат премиум цена. Освен тоа што има поддршка за мобилна мрежа од иднината, адутот за долготрајност на Nokia G50 е поддршката за двете нови верзии на Android оперативен систем. Се испорачува со Android 11 и имате три години безбедносно ажурирање.

Овој телефон е интересен за сите што сакаат големи екрани и неговата дијагонала изнесува дури 6,82 инчи и HD+ резолуција, додека од Nokia посебно ја нагласуваат и моќната батерија за која што кажуваат дека може да издржи до два дена просечно користење. Поддржува исто така и брзо полнење од 18W, така што корисниците на моделот G50, навистина не треба да има проблеми со батеријата.

Под хауба има Snapdragon 480 процесор, 4GB RAM меморија и 128GB внатрешна меморија, со влез за microSD мемориски картички. На задната страна има тројна камера од 48MP + 5MP + 2MP. Од предната страна има камера од 8MP со засек. На крајот на септември излегува во продажба со цена од 300 долари.