Батеријата на новите генерации на iPhone би можела да се полни само безжично

Објавено на 27.09.2021 во Новости



Батеријата на новите генерации на iPhone би можела да се полни само безжично

Ако предлогот на новите регулативи од Европската комисија стане закон, сите производители на малите електронски уреди од смартфони до таблети и безжични звучници, треба да се користи универзален приклучок за полнење. По предлогот на ЕК, тој универзален полнач ќе биде USB-C

Apple би можел да се извлече од тој закон и за две години да го претстави iPhone што нема да има USB-C приклучок, туку нема да има никаков приклучок. Таквиот iPhone целосно ќе се полни безжично. Информациите за iPhone што нема да има никакви приклучоци не се нови и се спомнуваат веќе некое време. 





Прочитајте повеќе: