Рендери со Samsung Galaxy S22+ го откриваат дизајнот
Објавено на 27.09.2021 во Новости
Голем број на рендери се појавија со Samsung Galaxy S22 серијата, кој најверојатно доаѓа со иновативната Contour Cut камера на Samsung, со голема испакнатина. Тоа не треба да го гледаме како недостаток во дизајнот, туку како огромна предност во квалитетот на камерата поради повеќеслојноста на леќите.
Во споредба со Ultra-моделот, помалиот Galaxy S22+ се инспирира од моменталната генерација на Galaxy S21 серијата. Задната камера ќе биде со ‘Contour Cut’, и покрај тоа што компанијата извршила неколку модификации со цел телефоните да се разликуваат.
Се уште не е познато со сигурност која спецификација ќе ја има точно секој модел од Galaxy S22 серијата, кои доаѓаат во следните верзии: Galaxy S22, Galaxy S22+, Galaxy S22 Pro, и Galaxy S22 Ultra.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.