Гејтс ги трола Безос и Маск за вселената: Имаме многу да направиме тука на Земјата

Објавено на 28.09.2021 во Новости



Гејтс ги трола Безос и Маск за вселената: Имаме многу да направиме тука на Земјата

Бил Гејтс, еден од најбогатите луѓе во светот, кој е сопственик на Microsoft, проговори за опсесијата на Џеф Безос и Илон Маск кон вселената. Двајцата најбогати луѓе во светот се натпреваруваат кој ќе направи подобра ракета и поексклузивни вести за прошетката околу орбитата на Земјата.

Кога Бил Гејтс бил прашан што мисли за патувањето околу вселената, одговорил дека „имаме многу нешта што да направиме тука на Земјата“, со оглед на тоа што имаме многу болести, маларија и ХИВ вирусот.