Facebook попушти под притисокот, стопираше со развојот на Instagram за деца

Објавено на 29.09.2021 во Новости



Facebook попушти под притисокот, стопираше со развојот на Instagram за деца

После големиот притисок од политичарите и јавноста, од Facebook објавија дека ќе го паузираат развојот на посебна верзија на Instagram, која што ќе биде наменета за деца помлади од 13 години. 

Треба да се нагласи дека компанијата на Цукерберг не се откажала од развој на таа мрежа, а времето дотогаш ќе се искористи за комуникација со родителите, експертите, законодавците и регулаторите. Нивната одлука беше сосема очекувана откако Wall Street Journal ја објави приказната за резултатите на Facebook со интерно истражување за негативното и токсично влијание на Instagram врз младите, особено на тинејџерите. 

Автор: Aleksandar Stankov