Вработените на Безос се очајни и се жалат за токсичната атмосфера во работата

Објавено на 03.10.2021 во Новости



Вработените на Безос се очајни и се жалат за токсичната атмосфера во работата

Џеф Безос ги оствари своите соништа и конечно одлета во вселената, докажувајќи со својот пример дека патувањето со неговото летало е безбедно, со што ја отвори вратата на вселенскиот туризам. 

Изгледа дека брзањето за да влезе во историјата има и негативна и многу опасна страна. Додека Безос го славел своето постигнување и летот во вселената, вработените на Blue Origin во јавноста ја пласирале објавата во која што ги предупредиле бројните негативни страни за кои што сведочеле во последно време.

Токсичната атмосфера, сексизмот и непочитувањето на безбедносните процедури се само некои од прилично шокантните откритија што во јавноста ги споделиле сегашните и поранешните вработени во компанијата. Од компанијата на Безос велат дека веднаш ќе ја истражат оваа дискриминација.