Новата верзија на Windows официјално достапна како бесплатна надградба за Windows 10

Објавено на 05.10.2021 во Windows



Новата верзија на Windows официјално достапна како бесплатна надградба за Windows 10

Microsoft и официјално ја објави новата верзија на Windows 11, која стана бесплатно достапна за сите Windows 10 корисници. Windows 11 е изработен со цел да биде „почист, посвеж и поедноставен“ за корисниците, а истовремено ги задржува сите препознатливи карактеристики на кои што корисниците се навикнале.

Да потсетиме, Microsoft го претстави Windows 11 во јуни 2021, шест години после презентирањето на актуелната верзија 10. Највоочливи се козметичките промени, преселувањето на Start копчето од аголот во средината. Со клик на него се отвара мени со најчесто користени апликации како и досега, што е многу слично како Android. Тоа е индикација дека Microsoft размислува за создавање на оперативен систем што може да биде користен на различни уреди, а не само на компјутери. 

Microsoft Teams сега се интегрирани во оперативниот систем, со што е заменет Skype како главна алатка за канцелариска работа. Редизајниран е Microsoft Store, продавницата во која што може да преземете или купите нови апликации, при што и надворешни компании ќе може да ги понудат своите апликации за корисниците на Microsoft.

Најголема промена за многумина е одлуката на Microsoft за да може да ги покренуваат Android мобилните апликации на Windows 11. За корисниците што го поврзуваат својот смартфон со компјутерот тоа ќе означува полесно користење и поедноставно префрлање на податоци од мобилниот телефон на компјутерот и обратно.

Xbox апликацијата доби централно место овој пат, а за подобро играње тука е новата технологија Direct Storage, која што со своите графички картички овозможува пристап кон меморија без користење на централниот процесор. Мора да се истакне дека оваа опција ќе ја има само на новите компјутери со нов хардвер, што веројатно некои ќе ги натера да размислуваат за купување.

Со цел да проверите дали новата верзија на Windows е достапна за вашиот компјутер, треба да одите во Settings/Поставки => Update & Security/Ажурирање и сигурност => Windows Update/Ажурирање на Windows => Check for updates/Провери ажурирања. Ако сте спремни за надградба, ќе се појави опцијата за преземање на нов оперативен систем. За оние што не им е важно дали ќе го имаат најновиот оперативен систем, Microsoft ќе обезбеди поддршка за Windows 10 се до 2025 година.

Автор: Aleksandar Stankov