Најблискиот и најлојалниот пријател Џони Ајв, се потсети на Стив Џобс

Објавено на 06.10.2021 во Новости



Најблискиот и најлојалниот пријател Џони Ајв, се потсети на Стив Џобс

На 5 октомври, на вчерашна дата, почина Стив Џобс. Неговото наследство е многу поголемо од самите производи што го променија светот. Apple никогаш немаше да постигне толкав успех да не беше Џони Ајв, главниот дизајнер на Apple.

Речиси сите најважни производи на Apple: Mac, iPod, iPhone, iPad и други, беа завршени тандемски од страна на Џобс и Ајв. Нивната конекција била поголема од обичен деловен однос. За 10 годишнината од смртта на Џобс, Ајв објави емотивно писмо во Wall Street Journal, со кое што се сети на својот колега и пријател.

„Мислам на Стив секој ден“, вели тој, објаснувајќи дека тоа бил неговиот најблизок и најлојален пријател со кој што работел речиси 15 години и со кого заедно ручал и попладневните часови го поминувал во дизајнерското студио. „Тоа беа најсреќните, најкреативните и најзабавните денови од мојот живот“, напишал Ајв. 

Автор: Aleksandar Stankov




Прочитајте повеќе: