Цените на Google Pixel 6 се познати, би купиле ли за оваа цена?

Објавено на 08.10.2021 во Новости



Цените на Google Pixel 6 се познати, би купиле ли за оваа цена?

Корисниците уште во август ја погодија цената на Pixel 6 и Pixel 6 Pro, кога беше направено истражување колку би платиле. Одговорите беа околу 700 долари. Сега благодарение на германска малопродажна продавница позната е цената на следниот предводник на Google.

Како што одговорија фановите на Google Pixel, цената ќе биде €649 ($749) за моделот со 8GB+128GB. Меѓутоа, на Reddit излезе информација од the_amazing_rock, дека Google ќе стави во кутијата и „Bose 700“ слушалки со секој Pixel, кои чинат околу €279.99 во Европа.