„LG“ ги менува панелите за „iPad Pro“

Објавено на 08.10.2021 во Новости



„LG“ ги менува панелите за „iPad Pro“

Сепак, можно е мини „LED“ да биде преодна карактеристика, а крајните намери на „Apple“ се да се префрлат на „OLED“. Сега „The Elec“ известува дека „OLED iPad“ може да се појави во следните 2-3 години.

Во извештајот се тврди дека „LG“ наводно започнал со развој на „OLED“ панели за 12,9-инчниот „iPad Pro“ и дека тие панели би можеле да бидат подготвени за модели на таблети од 2023-та или 2024-та година. Ова значи дека во текот на следната година или две, „Apple“ би можел да продолжи да користи мини „LED“ дисплеи.

Ова не е првпат да слушнеме дека „Apple“ е заинтересиран за имплементација на „OLED“ екрани во серијата „iPad“. Неодамна, имаше извештаи дека „Apple“ наводно ги отфрлил плановите за објавување на моделот „OLED iPad Air“ во 2022-ра година, што компанијата го развиваше со „Samsung“.

Од друга страна, има уште една или две години до евентуалното излегување на моделот од 12,9 инчи „iPad Pro“ со „OLED“ панели, па во меѓувреме ситуацијата може да се промени.