Facebook сервисите повторно во нормала, проблемот не е сериозен

Објавено на 10.10.2021 во Новости



Facebook сервисите повторно во нормала, проблемот не е сериозен

Сервисите на Facebook се вратени во нормала, откако во петокот корисниците почнале масовно да споделуваат дека има сериозен проблем. Facebook, Instagram и WhatsApp беа мртви, откако била дисконектирана конекцијата на рутерите со мрежата.

Шест часа цел свет беше прекинат со претходнонаведените социјални мрежи, но и потоа имало големи прекини. Facebook се огласи на Twitter дека се свесни за проблемот и дека веднаш ќе биде решен. Сега е се во ред, а корисниците немаат никакви потешкотии со конекција и комуникација преку социјалните мрежи.