Google Assistant надградбата за Android започнува од денес

Објавено на 27.02.2017 во Android



Google Assistant надградбата за Android започнува од денес

LG G6 е единствениот телефон во моментов, кој доаѓа со Google Assistant, веднаш после Pixel серијата. Google објави дека се повеќе смартфони ќе ја добијат дигиталната асистентка со вештачка интелигенција во блиска иднина.

Од оваа недела сите Android 6.0 Marshmallow и Android 7.0 Nougat оперативни системи ќе добијат надградба во Google Play, за новата надградба со Google Assistant.

Новата алатка ќе биде достапна само на англиски јазик за САД, Австралија, Канада и Обединетото Кралство, како и на германски јазик за Германија. Google ветува дека наскоро ќе го прошири Google Assistant во што поголем број на земји. Се уште немаме доволно информации дали сите смартфони со Android Marshmallow ќе можат да ја добијат надградбата.





 
Најнови телефони
 
  • P9 Plus
  • P10
  • Galaxy S8 Plus
  • Galaxy S8
  • Note 7
  • Galaxy C7
  • Desire 10 Lifestyle
  • Moto Z
  • 3T
  • NOVA
 


{}