Капетан Кирк конечно полета кон вселената

Објавено на 14.10.2021 во Новости



Капетан Кирк конечно полета кон вселената

Вилијам Шатнер направи нешто што никој досега не го остварил, на 90 години полета во вселената и се врати на Земјата. И покрај доцнењето, лансирањето и летот е реализиран без никакви проблеми. Капсулата со екипажот успешно го допре работ на вселената, а ракетата New Shepard сама се врати на Земјата.

Во моментот кога биле во бестежинска состојба можело да се слушне извик на воодушевување од капсулата. Така е објавено и целосно видео од летот, кое што може да го погледнете одозгора.