Метавселената доаѓа во Европа, Facebook отвара нови 10.000 работни места
Објавено на 18.10.2021 во Новости
Facebook ќе отвори 10.000 нови работни места во Европа, со цел да се трансформира од социјалната мрежа во „метавселена“. Со оглед на тоа што Facebook сега станува „метавселенска компанија“, ќе му биде потребно многу повеќе талентирани работници.
Најава има за следните 5 години дека ќе вработи 10.000 високо стручни лица низ цела Европска унија, со цел да изгради своја метавселена со виртуелно искуство и искуство со проширена реалност. Некои од европските земји во кои што Facebook ќе бара нови таленти, се: Германија, Франција, Ирска, Холандија, Полска и Шпанија.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.