AirPods 3 излегоа официјално со Spatial Audio и ниска почетна цена

Објавено на 20.10.2021 во Новости



AirPods 3 излегоа официјално со Spatial Audio и ниска почетна цена

Apple официјално ги претстави новите и редизајнирани AirPods 3 со поддршка за Spatial Audio и ниска аудио дисторзија, компактен дизајн и ниска почетна цена од 180 долари.

Оригиналните AirPods понудија нов и препознатлив дизајн. AirPods се сега помали и имаат Force Touch сензор. Тоа е замена за гестикулација со двојното тапнување на старите AirPods и наоѓа примена кога слушате музика и одговарате на телефонски повици.

AirPods 3 слушалките имаат подобрен квалитет за FaceTime повици и имаат IPX4 сертификат за потење и водоотпорност. Третата генерација на AirPods имаат 6 часа активно слушање на музика со едно полнење или 4 часа со зборување. Тоа значи дека батеријата на AirPods 3 овозможува повеќе часови на слушање во споредба со AirPods 2.

AirPods излегуваат прво во САД со цена од 180 долари, а преднарачките се веќе започнати. Цената на AirPods 2 моментално изнесува 130 долари за моделот што се полни директно преку кабел.

Автор: Aleksandar Stankov




Прочитајте повеќе: