Huawei остави 1 милијарда долари во САД за технологија

Објавено на 23.10.2021 во Новости



Huawei остави 1 милијарда долари во САД за технологија

Huawei во моментот е телекомуникациски гигант, како и најголем производител на чипови во Кина. И покрај тоа што се наоѓа на црната листа на Америка, сепак е одобрена да пазари за технологија. Сумата не е за потценување, изнесува 1 милијарда долари, за периодот од ноември до април.

Документите објавени од Конгресот докажуваат дека се одобрени 113 дозволи за извоз во вредност од 61 милијарда долари за продажба на стоки на Huawei, додека 188 дополнителни лиценци во вредност од 42 милијарда долари добиле зелено светло за SMIC (Semiconductor Manufacturing International Corp.), официјално објави Ројтерс.