Samsung смартфоните забранети за увоз и продажба во Русија

Објавено на 25.10.2021 во Новости



Samsung смартфоните забранети за увоз и продажба во Русија

Samsung Electronics не смее да се увезува и продава во Русија, затоа што судот одредил дека имало злоупотреба на интелектуална сопственост од страна на јужнокорејската компанија во делот на SAMSUNG Pay. Вкупно 61 модел на смартфони во Русија не смеат повеќе да се продаваат.

SQWIN SA компанијата од Швајцарија ја почнала постапката против Samsung Pay, за која поднела тужба за прекршување на патент за електронски систем за плаќање регистриран во Русија. Samsung веднаш поднел жалба и не дал дополнителни изјави за прашањето до понатамошното известување. SQWIN SA не дава изјави исто така, при што Арбитражниот суд во Москва донел одлука за забрана за продажба на Samsung смартфони на 19 октомври. За најновите детали и идните случувања останете со нас.

Автор: Aleksandar Stankov