YouTube ги менува правилата, дел од креаторите нема да заработуваат пари од реклами

Објавено на 27.10.2021 во Новости



YouTube ги менува правилата, дел од креаторите нема да заработуваат пари од реклами

На почетокот на годинава, YouTube овозможи повисока родителска контрола за профилите на децата и сега има дополнителни безбедносни мерки за заштита на децата. Сега најави нови опции со кои што на децата ќе им се обезбеди поквалитетна содржина на YouTube. 

Со новите промени во ноември YouTube нема да може да овозможи монетизација на содржини наменети за деца, чија содржина се проценува како несоодветна за деца. Според нивните правила, тоа се однесува на претерано комерцијални видео записи, како и на видеа со кои што се поттикнува лошо однесување. Во таквите видеа веќе нема да може да се прикажуваат реклами, па така и заработката ќе биде ограничена.