Нарачката на Hertz би можела да се искачи на 200 илјади со Tesla Model 3

Објавено на 30.10.2021 во Новости



Нарачката на Hertz би можела да се искачи на 200 илјади со Tesla Model 3

Официјално е објавено дека Hertz ќе купи 100 илјади возила на Tesla Model 3, а Илон Маск објави дека нема никаков попуст во цената. Неодамна е откриено дека само половина од нарачаните автомобили ќе се користат во флотата на Hertz, додека останатите 50 илјади парчиња ќе бидат ќе бидат достапни на Uber.

Според договорот на двете компании, возачите на Uber ќе може да изнајмат Tesla од Hertz, што е чекор напред кон нивната цел со нулта емисија на гасови што порано ја зацртаа. Наемот на возилата на Tesla нема да биде евтин, но и покрај високата цена, првиот човек на Uber, Дара Косроваши е уверена дека побарувачката за електрични возила ќе биде голема. Изгледа дека нарачка за Model 3 двојно ќе се зголему од страна на Hertz, што е предвидено со договорот, дека бројот на нарачка од Tesla може да се искачи и до 200 илјади возила.