Philips W920 е убав телефон со Android
Објавено на 06.12.2011 во Новости
Philips никогаш не бил познат по производството на смартфони, но повремено вади по некој нов телефонот, а овој пат тоа е Philips W920.
Тој има интересен и модерен дизајн каде преовладуваат црната и златно жолтата боја. Со дебелина од 12мм и тежина од 180 грама не е меѓу најтенките и најлесни телефони, но има други адути за фалење.
Во однос на перформанси, може да се пофали со 4,3 инчен дисплеј со резолуција од 480x800 пиксели и камера од 5 мегапиксела со авто-фокус. За брзината се грижи Qualcomm Snapdragon S1 QSD8250 процерсор на 1GHz и 512MB RAM меморија, додека шоуто го води Android 2.2 Froyo за кој се надеваме дека ќе го надградат во Ice Cream Sandwich.
Внатрешната меморија му е 120MB, но нуди проширување со microSD картичка. Реално гледано, Philips W920 не може вистински да се бори со конкуренцијата, но можеби тоа и не му е намерата. Цената ќе го има крајниот збор за тоа каде точно ќе се најде тој.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.