Xiaomi го претстави Redmi Note 11: „највредните уреди за вашите пари“

Објавено на 01.11.2021 во Новости



Xiaomi го претстави Redmi Note 11: „највредните уреди за вашите пари“

Xiaomi конечно ја откри новата Redmi Note 11 серија со три нови модели на смартфони, со слоганот „најдобрата вредност за вашите пари“. Новите Redmi Note 11 Pro+, Redmi Note 11 Pro, и Redmi Note 11 беа официјално откриени во Кина, но се очекуваат да пристигнат во Европа исто така.

Најевтиниот модел е Redmi Note 11, кој доаѓа со MediaTek Dimensity 810 процесор, а го има во четири верзии: 4/128GB, 6/128GB, 8/128GG, и 8/256GB. Телефонот функционира со Android 11 и MIUI 12.5, исто како другите два Redmi Note 11 модела. Redmi Note 11 има огромен 6.6-инчен LCD FHD+ дисплеј со 90Hz, при што на задната страна има двојна камера со 50MP+8MP, додека од предната страна има 16MP камера за селфи фотки. Батеријата од 5,000mAh е со 33W брзо полнење.

Xiaomi Redmi Note 11 Pro+ и Redmi Note 11 Pro се слични кога доаѓа до спецификациите, имаат MediaTek Dimensity 920 чип, а ги има во три верзии со меморија: 6/128GB, 8/128GB, и 8/256GB. Двата уреда се со 6.67-инчен AMOLED дисплеј од 120Hz и до 360Hz во моментот кога го допирате екранот.

Моделите се со тројна задна камера од 108MP+8MP+2MP и 16MP селфи камера, 3.5мм аудио џек, JBL-стерео звучници и поддршка за две СИМ картички. Redmi Note 11 Pro+ има батерија од 4,500mAh и 120W брзо полнење, со што може да ја наполни батеријата до 100% за 15 минути. Redmi Note 11 Pro има батерија од 5,160mAh со 67W брзо полнење.

Redmi Note 11 во Кина се продава за 185 долари, Redmi Note 11 Pro и Redmi Note 11 Pro+ ќе чинат од $265 до $310, само што цените за Европа нема да бидат исти.