Rimac Automobili и Bugatti почнаа официјално со името Bugatti Rimac

Објавено на 03.11.2021 во Новости



Rimac Automobili и Bugatti почнаа официјално со името Bugatti Rimac

Од денес Rimac Automobili официјално се здружи со Bugatti Automobiles во новата компанија Bugatti Rimac. На чело на новата компанија ќе биде Мате Римац, кој ќе управува со двете компании што ги обединуваат автомобилите и технологијата, а сето тоа со поддршка од третиот производител на автомобили во светот - Porsche.

Rimac Group истакна дека тие ќе се мнозински акционери во Bugatti Rimac со 55% од компанијата, Мате Римац ќе го задржи својот удел во Rimac Group со 35%, додека Porsche ќе има 22%. Hyundai Motor Group има исто така удел од 11%, а останатите акционери имаат 32%. Развојот, производството и испораката на батериските системи, погонот и другите компоненти за електричните возила, по кои што Rimac е познат, ќе биде издвоен за новата ќерка компанија Rimac Technology, која ќе биде со 100% сопственост на Rimac Group.