Google Pixel 6a спецификациите со надградба во ултрашироката камера

Објавено на 04.11.2021 во Новости



Google Pixel 6a спецификациите со надградба во ултрашироката камера

Нови информации за следната Pixel серија, но само со кодни имиња и ништо официјално. Изгледа дека Pixel 6 Pro нема да остане најдобриот Google телефон со најдобра камера за долго. Следниот Pixel со кодно име "cloudripper," е откриено дека ќе излезе со следните сензори за камера:

Samsung GN1
Sony IMX663
Sony IMX586
Sony IMX386

Ова е истата комбинација на модулот од Pixel 6 Pro. Другиот модел наречен "bluejay" е поинтересен затоа што доаѓа со поскромни сензори, што би можел да биде следниот Google Pixel 6a:

Sony IMX363
Sony IMX386
Sony IMX355

Ако ова е точно, тогаш ќе добиваме голема надградба на камерата на Google "bluejay" Pixel. Pixel 5a има 12MP широка камера + 16MP ултраширока камера, додека новиот модул ќе биде со уште еден ултраширок сензор плус, од 12MP, што значи дека ќе пропушта повеќе светлина. Тоа несомнено значи подобар квалитет на сликите.