Honor се враќа на сцената, главен адут се сервисите на Google
Honor се враќа на голема врата со новиот Honor 50. Honor 50 е опремен со Google сервисите (GMS) и претставува прв смартфон што ја поседува Qualcomm SnapdragonTM 778G платформата. Пазарниот удел на Honor, кој во август достигна 16,2% во Кина, ни дава доверба за глобален успех, вели Џорџ Жао, извршниот директор на Honor Device Co, Ltd.
Honor 50 е комбинација од естетика и технологија, и поседува низа импресивни иновации во камерата. Со Google сервисите и новиот чипсет, од Honor истакнуваат дека Honor 50 ќе биде наменет првенствено за младите што ги снимаат своите влогови и споделуваат видео записи на различни социјални мрежи. Токму затоа е посветено големо внимание кон предната камера од 32MP со агол на гледање од 90 степени, додека на задната страна се наоѓа четворна камера од 108MP+8MP+2MP+2MP.