Huawei ќе го претстави преклопниот смартфон Mate 50 во февруари
Објавено на 10.11.2021 во Новости
Huawei го спрема новиот преклопен смартфон за февруари 2022 година, Mate 50. Ова се информации од анонимни извори, што се уште не е официјално потврдено. Моментално се извршуваат тестирањата на сензорите за отпечатоци на прсти, кои што се сместени под екранот, како и на OLED екранот за идната генерација на смартфони.
Новиот смартфон на преклоп доаѓа со POL-LESS OLED технологија на Samsung Display, што значи дека дисплејот ќе има поголема светлост до 30%. Во моментот Huawei има неколку модели на смартфони на преклоп: Mate X, Mate Xs и Mate X2.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.